Синдикатот на Клинички Центри го потпиша анексот за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор со директорите на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје

Синдикатот на Клинички центри гo потпиша Анексот за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата со директорите на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје  за покачување на платите за специјалистите, субспецијалистите и наставно-научниот кадар вработени во Универзитетските Клиники за 19,2%.
Покачувањето ќе се изврши на две еднакви рати од по 9,6%, со октомвриската и декемвриската плата во 2015 година.