Слободен печат: Д-р Пановски: Крајно време е да се направи план, сценарио и да му се каже на народот што го очекува ако продолжи да не ги почитува мерките

Бројките не се добри. Ни најголемите песимисти не ги очекуваа. Институциите сега некако како затворени да се во последно време. Треба на населението да му се објасни евентуалната стратегија.

Големиот број на случаи е една од причините на големата смртност. Друго е и дека доцна се јавуваат, а трето е дека инфективните одделенија и не биле доволно развиени во државава. Нелогичноста е и главен центар да биде 8 септември кој има тројца инфектолози во однос на 26 во Клиника. Тоа се дел од причините, изјави во Утрински брифинг еден од врвните микробиолози во земјава, професор д-р. Никола Пановски.

Ако ја исклучиме Србија која крие резултати и веројатно процентот на бројката е слично како кај нас, сметам дека е време за анализа и да се престане со тоа дека ние сме најдобри и одлично се справуваме. Анализа е потребна за да се знае што понатаму, да се признае што било добро, кои биле грешките.
Целата содржина прочитајте ја тука.
Извор: Слободен печат   28.07.2020   10:01