Сојузот на синдикати на БиХ бара да се преземат мерки за да се сопре ислелувањето на младите

Сојузот на самостојни синдикати на Босна и Херцеговина, по повод претстојниот Меѓународен ден на младите кои ќе се одржи на 12 август, повторно укажува на бројните проблеми со кои се соочуваат младите луѓе во Босна и Херцеговина кои постојано заминуваат од државата, соопштиле од синдикатот. Воедно ги повика надлежните да преземат соодветни мерки кои би го запреле овој негативен тренд.

„Големата стапката на невработеност, образовниот систем кој не е во склоп со потребите на пазарот на труд, несигурните работни места и недоволните примања, ги принудуваат младите луѓе подобра иднина да бараат во Западна Европа или на другите континенти.

Меѓународниот ден на младите се одбележува од кога Генералното Собрание на Обединетите Нации во 1999 година донела одлука тој датум да биде 12 август.

Извор: www.rabotnik.com  Aug. 09, 2019 at 2:00 pm