ССКЦ: Почивај во мир драг наш Владо

Почина д-р Владо Кочовски. Нашиот соборец, другар, пријател. Нашиот Владо, нашиот Владица, нашиот Кочо, претседател на Синдикатот на Клинички центар во ЈЗУ Општа болница – Струга.

Ведар, насмеан, правичен, чесен, тврд, оштар, со став, борец, бескомпромисен, секогаш на страна на вистината и правдата, пријател, другар, ДРУГАРЧИНА …

Владо Кочовски, вреден работник, ценет и сакан доктор, извонреден хирург, драг и почитуван колега и соработник. Оддаден на работата и хирургијата.

Народен човек. Со огромен број пријатели. Посакуван од секого за стручен и другарски совет, за дружење, за кафе муабет, за софра, за прошетка по чаршија, за …

Сопруг и татко за пример. Целиот свој живот посветен на своето семејство. Со гордост, среќа и жар говореше за своите ќерки Рената и Ирена, двете негови наследнички. Рената доктор, Ирена стоматолог.

За жал, и тој како и неговата прекрасна сопруга прерано ги напуштија. Судбината сакаше да оди кај сопругата. Таму, горе на небото.

Вечна Ти слава.

Почивај во мир.