Студија: Повеќето празници и поголемите плати можат да ја зголемат продуктивноста

Според новата студија, давањето на повеќе државни празници и зголемувањето на платите на работниците може да се подобри Британската економија.

The New Economics Foundation вели дека зголемувањето на потрошувачката моќ на потрошувачите ќе им даде на фирмите поголем мотив за да ја зголемат својата продуктивност, бидејќи ќе имаат поголема самодоверба поради побарувачката на нивните производи и добра.

Тврдењето дека ставањето на повеќе пари во џебовите на работниците и давањето на повеќе време за да ги потрошат, доаѓа откако Велика Британија се мачи да ја зголеми ефикасноста на економијата поради Брегзитот.

На само некое време од финалниот банковен празник во Англија, Велс и Северна Ирска пред Божиќ, извештајот од страна на левичарската организација беше добредојден од страна на Канцеларот во сенка, Џон Мекдонел.

„Важната анализа… го покажува само амбициозниот план за економска трансформација, каков што посакува Трудовата партија. Овој план ќе ја издигне Велика Британија од кризата на продуктивност“, рече тој.

Продуктивноста – економски исход на час работење – не успеа да забележи раст во годините пред финансиската криза. Зголемувањето на продуктивноста на Британија е важна цел за Владата која сака да ја постигне преку индустриската стратегија. Според нив, подобрувањето на ефикасноста на економијата може да им помогне да ги зголемуваат платите на работниците и да го зголемат животниот стандард.

Британија ја подобри нејзината продуктивност за 2 проценти во последните четири декади пред финансиската криза. Но, растот на продуктивноста се намали за 0,7 проценти од тогаш. Економистите се плашат дека Брегзит може да го влоши проблемот поради тоа што фирмите можат да ги замрзнат нивните инвестициски планови како резултат на политичката несигурност.

Како дел од напорите за подобрување на британската продуктивност, фондацијата смета дека Владата треба да ја зголеми минималната плата побрзо од веќе планираното и да го намали трошењето на јавните сервиси на 32 билиони фунти до 2020 година.

Извор: www.rabotnik.com.mk  Aug. 12, 2019 at 11:40 am