ТВ 24 Вести: За лекарите запишувањето на секоја рецепта во здравствена книшка е ретроградна одлука

Без здравствена книшка нема преглед кај лекар ниту пак подигнување на лекови на рецепт.

Ова следува откако Фондот за здравство пред една недела им наредил на лекарите, лековите кои ги издаваат да ги впишуваат и во здраствената книшка на пациентот, во картонот, во електронскиот систем Мој термин и во хартиен дневник. Ваквата наредба на Фондот наиде на револт и кај лекарите, но и кај пациентите. Лекарите велат дека сега двојно повеќе време ќе трошат на административни работи, а со тоа и времето на чекање на пациентите ќе се зголеми.

Од фондот за здравство нема објаснување што е целта на оваа наредба. Информираат дека од следниот месец лековите освен со рецепт ќе може да се мора да се подигнат и со приложување на лична карта или пасош.

Наместо да се надградува електронскиот здравствен систем, ние во 21ви век се враќаме на хартија, порачуваат дел од лекарите.

Извор: ТВ 24 Вести  Ивана Стојкова   вто, 10.09.2019 | 5:17 pm

Целиот текст прочитајте го тука