Третманот за КОВИД-19 на Плуристем терапевтика покажува 100% стапка на преживување – првични податоци

Прелиминарните податоци од експерименталниот третман во лекувањето на Ковид-19 на Израелската компанија Плуристем терапевтика (Pluristem Therapeutics Inc) со седиште во Хаифа се ветувачки.

Седум пациенти со Ковид-19 сместени во единици за интензивна нега во три различни израелски медицински центри, и кои страдале од акутна респираторна слабост и воспалителни компликации поврзани со Ковид-19, и кои се сметале за високо ризични за фатален исход,  една недела биле вклучени во рамките на Плуристемовата PLX клеточна терапевтска програма (Pluristem’s PLX cell therapy platform). Четворица од овие пациенти имале и слабост и на други органи, вклучително и кардиоваскуларна и бубрежна слабост што укажува на критична болест и лоша прогноза.

Плуристем  терапевтика објави дека шест од седумте пациенти имаат завршено еднонеделно следење на нивната терапија. Кај седмиот пациент сè уште е во фаза на следење.                          Од шесте, 66% од пациентите, четворица, покажале подобрувања во нивните респираторни способности, а тројца се во фаза на одвикнување од респиратори. Еден пациент не покажал промена во респираторните параметри, и сè уште дише со помош на респиратор, и е релативно стабилен. Еден пациент, покажа влошување на респираторните параметри.

PLX клетките на Плуристем се алогени клетки слични на мезенхимални кои имаат имуномодулаторни својства. Тие ги поттикнуваат Т-клетките на имунолошкиот систем и макрофагите М2, предизвикувајќи промена во текот и сериозноста на болеста преку активирање на имунолошкиот систем, со што се намалуваат фаталните симптоми на пневмонија и пневмонитис.

„Задоволни сме од овој првичен исход и се залагаме за употреба на PLX клетките во корист на пациентите и здравствените системи. Со цел да се зголеми влијанието на PLX клетките во лекувањето на пациентите и да се направи третманот широко достапен, планираме брзо да се придвижиме напред во програмата за клинички развој“ рече извршниот директор и претседател на Плуристем Јаки Јанај.

Јанај додаде дека компанијата ќе бара владино финансирање за поддршка на развојот на PLX клетките за Ковид-19. Тој рече дека компанијата е посветена на големо производство за потенцијално испорачување на PLX клетки на голем број на пациенти во услови на значителна побарувачка.

Плуристем очекува да продолжи со лекување на пациенти со компликации поврзани со Ковид-19 во рамките на Pluristem’s PLX cell therapy platform, соопшти компанијата.

Плуристем терапевтика е компанија за биотерапија во клиничка фаза. Ги максимизира плацентарните клетки и уникатната, комерцијална, тродимензионална (3Д) технолошка платформа за развој на клеточни терапии, за болести како што се воспаление, исхемија, повреди на мускулите, хематолошки нарушувања и изложеност на радијација“.

Извор:  Biospace Apr 09, 2020 By Alex Keown