Унимакс – Скопје

admin

Адреса:  ул. Анкарска 31 
Унимакс Дат“ – ул. Анкарска број 31, спроти кафичот Ли кај Млечен ресторан. 
Телефон : 071 216 860; 078 593 849      
Работно време: од пон. до петок од 09 до 18:00 часот и сабота од 10 до 18:00 часот.

Развојот на фирмата “УНИМАКС ДАТ” започнува со големо продажба на мали кујнски апарати, мали апарати за домаќинство и голем избор на грејни тела, и кетеринг како примарна дејност. Ние сме увозници и дистрибутери на брендот Fisher кој се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство. Ние сме водени од желбата да се донесат најновите технолошки производи по прифатливи цени со врвен квалитет потврден со TUV стандард во Минхен (Германија) со 2-годишна гаранција за истите, да се има одлична логистика – достава директно до секој дом на потрошувачите, пост-продажни активисти, достапност и сервис на производите, како и обучен персонал кој ќе биде секогаш расположен да одговори на сите прашања и потреби на клиентите.
Со цел да ги направат подостапни производите до сите потрошувачи, “Унимакс Дат” постојано организира бројни промоции, акции, наградни игри, програми за најверните купувачи, како и бројни настани од промотивен карактер. Во насока на излегување во пресрет на потрошувачите, “Унимакс Дат” овозможува купувачот да одбере на кој начин ќе го купи производот, дали ќе биде на кредит со кредитни картички или преку синдикална продажба на рати. Како предвесник на најновите трендови, “Унимакс Дат” од 2016 година воведе и онлајн купување, кое се воведе во насока на олеснување при процесот на купување.

Нашите купувачи се одлучуваат за производите на Fisher од продажен салон на “Унимакс Дат”. Бидејќи знаат дека купуваат производи кои директно доаѓаат од самиот производител без посредници, кои содржат оригинална гарантна карта и за кои има обезбедено сервис и резервни делови и сите останати привилегии кои ги нуди производителот.
Поради сите овие бенефиции за купувачот, “Унимакс Дат” често го идентификуваат со две клучни реченици:
“Унимакс Дат” – нештата што работат.
“Унимакс Дат” – го прави животот полесен.
Со квалитетни производи и услуги создаваме чувство на задоволство кај нашите купувачи.

За да ја користите поволноста за плаќање на рати, потребно е:

  • најпрво да пополните потврда, и да ја заверите во Вашата здравствена установа.
  • да пополните и потпишете две изјави (една за продавачот и една за Синдикатот).
.page-template-agents .penci-wide-content{ max-width: calc(100% - 300px); }