Фактор: Дански, Норвешки, Шведски: Медицинските сестри ги изучуваат овие јазици за да најдат работа во Скандинавија

Освен англиски и германски јазик, медицинските сестри во земјава ги изучуваат данскиот, норвешкиот и шведскиот јазик со цел да најдат работа во некоја од скандинавските држави.

За овие странски јазици, многу потешко се наоѓаат професори, но луѓето се упорни доколку планираат да се иселат. Во помалите градови шансите за следење на вакви курсеви се минимални. Од училиштата за странски јазици во Скопје, велат дека онаму каде веќе има групи, часови следат и нашинци кои заминале во споменатите земји, кои се вклучуваат онлајн.

„Луѓето заминуваат, се снаоѓаат таму за работа со англискиот јазик, а во меѓувреме го учат потребниот јазик. Се вклучуваат онлајн на часовите, бидејќи така е поевтино, но и полесно можат да добијат опис на одреден збор, и полесно учат“, велат од скопско училиште за странски јазици.

Целиот текст прочитајте го тука.

Извор: Фактор 12.01.2020