Фалат анестезиолози во Кумановската болница

Во Општата болница Куманово, на одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување во моментот работат 7 специјалисти анестезиолози, но за три месеци една од докторките ќе замине во пензија.
За нормална работа на одделението потребни се барем 10 лекари.

Сега дежураме по двајца во смена, но кога ќе замине колешката ќе останеме по еден. Незнам тогаш како ќе функционираме, додека дежурниот ќе биде во сала на операција или на транспорт на тешко болни, градот од 150 000 жители ќе остане без реанимација и интензивно лекување на пациентите. Ние веќе 5 години бараме уште двајца анестелиози за да можеме без проблеми да пружаме континуирана здравстена заштита – вели Светлана Спасовска, начелник на одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Кумановските анестезиолози опслужуваат 30 доктори од хирургија, гинекологија, акушерство, ортопедија, урологија и оторалингологија, со над 200 дадени анестезии месечно. Во последните три години одделението останало без 4 лекари, кои заминале во пензија и странство, а нема најава за нови, бидејќи две години младите лекари во Болницата не се пријавуваат на конкурсот за специјализација. Анестезиолозите имаат по 10 дежурства месечно, односно на секои три дена поминуваат по 24 часа на одделението.
Во последните две години во Кумановската болница за 100 одство е зголемен обемот на операции и работа, а бројот на вработени е преполовен. Наместо 120 лекари специјалисти во болницата работат само 60. Лекарите до 40 години од сите специјалности бегаат во приватните клиники или заминуваат во странство. Кумановската болница пружа здравстевни услуги на пациентите од целиот свероисточен регион вклучувајќи ги и Крива Паланка и Кратово со околу 200 000 пациенти.

20.02.2015 10:40 СО Куманово  Синдикат на Клинички центри