Министерот Филипче информираше дека зголемени се платите во здравството за 5% и додека дека оваа влада направи инвестиција како што никогаш не била направена, со што планираме дополнително зголемување на платите, од јануари следната година, не само за докторите специјалисти, туку на сите здравствени работници во јавното здравство.

Министерот Филипче посочи дека министерството мора и бара начин како да ги подобри услугите за граѓаните, да се даде подобар квалитет, но за истата сума на пари. Предлогот за Јавно-приватно партнерство е едно од можните решенија. Тој вели дека не станува збор за зголемување на трошоците или повеќе давачки за граѓаните, туку за оптимално искористување на средствата.

– Знаеме дека граѓаните се преморени од чекање, дека само нешто се најавува и со години се говори за реформи. И затоа, треба да се направи и нешто што може да даде за многу скоро време видливи резултати. Токму во таа насока се овие најави за физибилити студии, кои сега ги правиме. Некои се започнати, а некои допрва ќе ги започнеме. Целта е да оцениме дали според тој модел на јавно-приватно партнерство, средствата кои секако се вложуваат во здравството, може да бидат поефикасно искористени, а преку тоа пациентите да имат поефективна и поквалитетна здравствена заштита. Не е експериментален потег. Тоа се искуства кои се секако имплементирани во многу развиени земји. – потенцираше Филипче.

Министерот Филипче смета дека овој предлог ќе биде успешен модел за нашето здравство.

Извор: lider.com.mk   /  10 Ноември 2018 / 14:07