Хидроксихлорохин и азитромицин за третман на КОВИД-19

Од известувањата од Кина, хлорохинот и хидроксихлорохинот се покажале ефикасни во третманот за КОВИД-19.

Една француска нерандомизирана контролирана клиничка студија изведена од Philippe Gautret и сор. ја испитуваже ефикасноста на хидроксихлорохинот и азитромицинот во третманот на КОВИД-19.

Авторите известија за резултатите  од студијата добиени од почетокот на март до 16 март.

Пациенти со КОВИД-19, кои биле вклучени во студијата, примале 600 мг хидроксихлорохинин дневно. Во зависност од нивната клиничка слика во третманот бил вклучен и азитромицин. Шест пациенти биле без симптоми, 22 имале симптоми на инфекција на горниот респираторен тракт, а осум имале симптоми на инфекција на долниот респираторен тракт. Секој ден е тестиран вирусниот титар во назофарингеалните брисеви на пациентите во болнички услови. Нетретирани пациенти од друг центар и случаите кои го одбиле протоколот биле вклучени како негативни контроли. Присуството и отсуството на вирусот во 6 ден се сметало за крајна точка.

Во оваа студија биле третирани дваесетина случаи, кои шестиот ден покажале значително намалување на вирусното клицоносителство во однос на контролите и многу пониско траење на клицоносителство од она што досега е објавено. Елиминацијата на вирусот беше значително поефикасна кога азитромицин беше додаден на хидроксихлорохинот.

И покрај малата големина на примерокот, истражувањето покажува дека хидроксихлорохинскиот третман е значително поврзан со намалување/исчезнување на вирусниот титар кај пациенти со КОВИД-19, а неговиот ефектот е засилен со азитромицин.

Извор: Hydroxychloroquine and Azithromycin as a treatment of COVID-19: preliminary results of an open-label non-randomized clinical trial   International Journal of Antimicrobial Agents  Available online 20 March 2020, 105949