Хрватските медицинари преку протест побараа поголеми плати

Здравствените синдикати во Хрватска денеска ја организираа протестната акција „Пет до 12“ во клиничките болници во Загреб и Сплит, како и во Општата болница во Дубровник.

Вработените накратко прекинале со работата и се собрале во кругот на болницата за да и порачаат на Владата дека здравството е во сериозна ситуација и дека е потребно зголемување на платата и потпишување на колективен договор.

Акцијата ја организирале Хрватскиот струков синдикат на медицински сестри/техничари и Самостојниот синдикат за здравство.

Поддршка на струковите синдикати

Челницата на сестринскиот синдикат, Аница Прашњак претходно истакнала дека синдикалната акција може да биде увертира пред штрајк, за што синдикатите ќе одлучуваат после преговорите во петок, кога ќе ја слушнат понудата на Владата за зголемување на платите.

„Се работи за мирен собир во круг на болницата со кој сакаме дека порачаме дека здравството е во сериозна ситуација, како и да очекуваме зголемување на платите и потпишување на колективен договор како и во другите јавни дејности. Здравството единствено нема колективен договор и договорени бенефити меѓу сите јавни служби“, рекла претходно Прашњак.

Поддршка на протестот одржан во три здравствени установи дал и Хрватскиот докторски синдикат, чија Претседателка Рената Чулиновиќ Чаиќ претходно рекла дека докторите можат доколку сакаат да го поддржат протестот за време на паузата.

Преговорите продолжуваат во петок.

Преговорите за платите продолжуваат во петок во Министерството за здравство, кога се очекува Владата да го изнесе својот предлог за зголемување на платите пред синдикатите.

Извор: www.rabotnik.com.mk  Sep. 04, 2019 at 2:00 pm