Несакани дејства на бустер доза на mRNA

Несаканите ефекти од бустер дозата треба да бидат слични на оние по втората доза на mRNA, според новата студија на Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) на повеќе од 20.000 луѓе објавена во вторникот.

Најчеста реакција на бустер дозата беше болка на местото на инјектирање; некои луѓе имаа и треска, температура или болки во мускулите. Дури и ако сега не ги исполнувате условите за бустер доза, можеби ќе треба да примите во иднина, изјави Ентони С. Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести, на Атлантик фестивалот. „На крајот, верувам дека оптималниот режим за mRNAs вакцина ќе ја вклучи и бустер дозата“, рече тој.

Оние кои не се вакцинирани се соочуваат со прекин на работниот однос. Болничкиот систем со седиште во Северна Каролина отпушти 175 невакцинирани вработени. Во Јунајтед Ерлајнс, речиси 600 работници не го испочитуваа барањето на авиокомпанијата да се вакцинираат до понеделник. Тие исто така се во процес на отпуштање. Во Њујорк, веројатно десетици илјади здравствени работници одбија да се вакцинираат, што ќе го влоши недостатокот на персонал што веќе го имаат медицинските центри.

Извор: Coronavirus Update 29.09.2021