MakPress.mk: Јанкуловски: Формирање на синдикат универзитетите не е спротивно со ниеден закон

Формирањето на синдикална организација на универзитетите не е спротивно со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи и неосновани се нападите врз нас ректорите, изјави денеска ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски.

-Кога станува збор за прашањето на јавен сектор, потпишувањето на синдикални колективни договори е секогаш меѓу основачот и синдикалната организација. Ние ректорите секогаш се трудиме да го подобриме квалитетот во високото образование, да ги подобриме условите за работа и стандардите на вработените во универзитетите. Формирањето на синдикална организација на универзитетите секако дека не е контраиндицирано со ниеден закон. Тоа го дозволува и член 220 од Законот за работни односи. Неосновани се нападите врз нас ректорите затоа што законот тоа го дозволува да секој основач на јавна установа потпише договор со репрезентативна синдикална организација. Оваа шанса која ни е наведена за покачување на платите од 10 проценти сметаме дека не треба да се пропушти, особено кога се е во рамки на законската регулатива, рече ректорот Јанкуловски на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со Агенцијата за национална безбедност.

Заради краткиот период,тој вели, на состанок на ректорите на јавните универзитети со ресорниот министер заеднички одлучиле со Министерството за образование и наука единствена точка на колективниот договор да биде покачувањето на платите, а потоа, додава, тој договор ќе се проширува со други точки, кои ќе бидат препуштени на автономното функционирање на таа синдикална организација.

Целиот текст прочитајте го тука 

Извор: MakPress.mk  24/01/2020 16:48