Болни од корона вирусот 2019 (Covid 19) во светот

Центарот за системска наука и инженерство (Center for Systems Science and Engineering – CSSE) на Универзитетот Џон Хопкинс (Johns Hopkins University – JHU) на интерактивна табла ја следи распространетоста и ширењето на болеста предизвикана од корона вирусот (Coronavirus disease – COVID-19) и бројот на заболени од оваа болест во реално време.

Пристап до податоците од  интерактивната табла е на следниот линк.

Мапата (Esri ArcGIS map) преку која се следи COVID-19  се одржува во скоро реално време во текот на денот преку комбинација на рачно и автоматско ажурирање. 

Времето на последното ажурирање е прикажано на дното на контролната табла. Базата на податоци GitHub се ажурира секој ден околу 23:59 часот UTC.          

Извори на податоците се: Светската здравствена организација, Американските центри за контрола и превенција на болести, Европскиот центар за превенција, Националната здравствена комисија на Народна Република Кина, онлајн здруженија на доктори и здравствени работници и други.

Извор: The Center for Systems Science and Engineering at Johns Hopkins University