СЗО: САРС-КоВ-2 со нас ќе остане долго време и останува исклучително опасен

На глобално ниво, скоро 2,5 милиони случаи на Ковид-19 сега се пријавени во СЗО со повеќе од 160.000 смртни случаи.

Гледаме различни трендови во различни региони, па дури и во регионите.

Повеќето епидемии во Западна Европа се чини дека се стабилни или опаѓаат.  Иако бројките се ниски, ние гледаме загрижувачки нагорни трендови во Африка, Централна и Јужна Америка и Источна Европа.

Повеќето земји сè уште се во раните фази на својата епидемија.

И некои кои порано беа погодени со пандемијата, сега почнуваат да се соочуваат со возобновување на болеста.

Не правете грешка: имаме долг пат. Овој вирус ќе биде со нас долго време.

Нема сомнение дека препораките „останете дома“ и други мерки за физичко растојание успешно ја ограничи трансмисијата во многу земји.

Но, овој вирус останува исклучително опасен.

Раните докази покажуваат дека најголемиот дел од светското население останува и понатака осетливи. Тоа значи дека епидемиите лесно можат повторно да се возобноват.

Една од најголемите опасности со кои сега се соочуваме е самозадоволството. Луѓето од  земјите со препораки за престој во домот се фрустрирани поради тоа што со недели се затворени во нивните домови.

Луѓето разбирливо сакаат да продолжат со нивните животи, затоа што нивните животи и егзистенција се во прашање.

Тоа е она што и СЗО го сака. И тоа е она за што работиме по цел ден, секој ден. Но, светот нема и не може да се врати на начинот на којшто беа работите.

Мора да постои „нов нормален“ – свет кој е поздрав, побезбеден и подобро подготвен.

Истите мерки за јавното здравје за кои се залагавме уште од почетокот на пандемијата, мора да останат основа на одговорот во сите земји.

  1. Откријте го секој случај;
  2. Изолирајте го секој случај;
  3. Тестирајте го секој случај;
  4. Грижете се за секој случај;
  5. Следете ги и карантините и секој контакт;
  6. И едуцирајте го, ангажирајте го и охрабрете го својот народ. Борбата не може да биде ефективна без да се охрабрат луѓето и без целосно учество на народот.

Земјите што не ги прават овие шест централни работи и не ги прават доследно, ќе се соочат со повеќе случаи и ќе бидат изгубени повеќе животи.

Да биде јасно, советот на СЗО е да се пронајде и тестира секој сомнителен случај, а не секој човек во популацијата. СЗО е посветена да ги поддржува сите земји во спасување живот.            И, ние исто така се залагаме за човековите права и се бориме против стигмата и дискриминацијата каде и да постои.

Постојат вознемирувачки извештаи во многу земји, во сите региони, за дискриминација поврзана со Ковид-19. Стигмата и дискриминацијата никогаш и во било кој момент не се прифатливи и против нив треба да се борат сите земји. Ова е време за солидарност, а не за стигма.

СЗО исто така работи активно за решавање на влијанијата на пандемијата врз менталното здравје.

Извор: Брифинг за медиуми на генералниот директор на СЗО за Ковид-19                                                        22 април 2020 година