ALSAT: Минималецот ќе ја стопи разликата во платите во јавниот сектор

Поради непочитување на Законот за усогласување на платите, револтот кај административците дополнително е зголемен поради тоа што различни занимања и дејности, со различна сложеност на работа, ќе имаат исти плати.

„Највисоката плата на еден државен административен работник со средно образование, основната плата е 16.400 денари, еден помлад полицаец има основна плата од 15 илјади денари, една негувателка во градинка има околу 18 илјади денари, или сестра во примарно или секундарно здравство се движи од 18 до 19 илјади денари основна плата. Затоа укажуваме на хаосот што ќе се случи, а тоа е дека околу 200 илјади вработени во јавниот сектор, односно половината се со средно образование, ќе дојдат на плата минималец“, рече Благоја Ралповски, претседател на Конфедерација на слободни синдикати.

Целиот текст прочитајте го тука.

Извор: ALSAT 20.12.2021