AstraZeneca го прифати предлогот да користи компоненти на руската вакцина Спутник V

Британската фирма AstraZeneca го прифати предлогот на Рускиот фонд за директни инвестиции (Russian Direct Investment Fund – RDIF) и Истражувачкиот центар Николај Фјодорвич Гамалеја (N.F. Gamaleya Research Center) и соопшти дека ќе започне со клинички испитувања на нивниот кандидат за вакцина за Ковид 19 во комбинација со аденовирусниот вектор на вакцината Спутник V од 26-тиот серотип до крајот на 2020 година. Меѓу водечките вакцини против коронавирусот во моментот, само Спутник V има технологија на два различни вектори.

Шемата со употреба на два различни аденовирусни вектори за примарна и секундарна имунизација, што претставува единствен и фундаментален развој на експертите од Н.Ф. Гамалеја, овозможува да се избегне имунитетот на првиот вектор, кој се формира по првата имунизација, а со тоа да се зголеми ефикасноста на втората инјекција и да се формира долгорочен имунитет.

Кирил Дмитриев, извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, во соопштение за јавноста изјави: „Одлуката на AstraZeneca да спроведе студија со употреба на еден од двата вектори на вакцината Спутник V е важен чекор кон заедничка борба против пандемијата“.

Коронавирус денес 11 декември 2020 година