Biznisvesti.mk: Што пишуваа пациентите на Facebook за главната сестра која даде отказ од Инфективна?!

Главната медицинска сестра на Инфективна клиника која вчера си даде отказ им препорачуваше на граѓаните да не се групираат, да носат заштитна маска, да држат дистанца и редовно да ги мијат рацете, затоа што секој човечки живот е важен.

„Заштитната маска, веќе седми месец ми е составен дел од секојдневното функционирање. Фокусот секогаш ми е на тоа да го сведувам ризикот од инфекција со ковид-19 на минимум. Им благодарам за помошта на сите колеги кои ни беа и се поддршка во овој период и воедно порачувам на сите граѓани, да не се групираме, да носиме заштитна маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме рацете. Затоа што секој човечки живот е важен“, посочи на 20.ти август Зорица Љубичиќ – главната медицинска сестра од клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Статусот како знак на поддршка на медицинските сестри беше објавен на профилот на министерот Венко Филипче.

По овој статус следеа многубројни коментари од лица кои примале третмани од страна на главната сестра Зорица.

Па така Гоце Потиров нејзин пациент како коментар напиша:

„Пред две години од бактерија завршив на инфективна клиника околу 10 дена, и како презадоволен од третманот од страна на медицинските сестри а и лично од главната сестра Зорица испратив јавна благодагница до тогашниот министер Таравари и до дирекцијата на инфективно. После месец дена стапив во контакт со една од сестрите, дознале за писмото испратено од моја страна, но немало никаков фитбек од страна на надлежните. Во писмото ги опишав како АНГЕЛИ ВО ПЛАВО !!! …тие знаат, а знаат и безброј пациенти. Овој пат нека запамти министерот Филипче… ништо не можете без сестра Зорица и нејзината екипа“.

„Главна сестра во вистинска смисла на зборот…. Горди сме на тебе“, напишала во коментар Румена Ѓердовска.

„Прекрасна, хумана личност! Вистински професионалец!“, вели И.Ј.

„Имав чест да се запознаам со сестра Зорица и бев дел од персоналот кој дојде да им помогне. Таа е прекрасна и професионална личност“, пишува извесна Анела.

Извор: Biznisvesti.mk   30.09.2020