CDC: Прашања за вакцинација за COVID-19 за лица со одредени основни медицински состојби

Возрасните од која било возраст со одредени основни медицински состојби се изложени на зголемен ризик од тешка форма на Ковид-19.

mRNA COVID-19 вакцините може да се администрираат на луѓе со одредени основни медицински состојби под услов да немале сериозна алергиска реакција на која било од состојките во вакцината.

Луѓе кои имаат ослабен имунолошки систем
Луѓето со ХИВ и оние со ослабен имунолошки систем поради други болести или лекови може да бидат изложени на зголемен ризик од сериозно заболување од Ковид-19. Тие лица можат да примат вакцина за Ковид-19, но треба да бидат свесни за сеуште ограничените податоци за безбедноста на вакцините mRNA COVID-19 за нив:

Информации за безбедноста на вакцините mRNA COVID-19 за луѓе кои имаат ослабен имунолошки систем во оваа група, сè уште не се достапни.
Луѓето кои имаат ХИВ биле вклучени во клинички испитувања, иако безбедносните податоци специфични за оваа група се уште не се достапни во овој момент.
Луѓето со ослабен имунолошки систем исто така треба да бидат свесни за потенцијалот за намалени имунолошки реакции на вакцината, како и за потребата да продолжат да ги следат сите тековни упатства за да се заштитат од Ковид-19 (види подолу).

Луѓе со автоимуни состојби
Луѓето со автоимуни состојби може да примат вакцина за mRNA COVID-19. Сепак, тие треба да бидат свесни дека во моментов нема достапни податоци за безбедноста на вакцините mRNA COVID-19 за нив. Поединци од оваа група имаа право за запишување во клинички испитувања.

Луѓе кои претходно имале Guillain-Barre-ов синдром
Лицата кои претходно имале GBS може да примат вакцина против mRNA COVID-19. До денес, нема пријавено случаи на Guillain-Barre-ов синдром по вакцинирањето кај учесниците во клиничките студии за вакцините mRNA COVID-19. Со малку исклучоци, општите упатства за најдобри практики за имунизација на Советодавниот одбор за практики за имунизација (Advisory Committee on Immunization Practices – ACIP), не вклучуваат историја на GBS како мерка на претпазливост за вакцинација со други вакцини.

Луѓе кои претходно имале Белова парализа
Случаи на Белова парализа биле пријавени кај учесници во клиничките студии за mRNA COVID-19 вакцините. Сепак, Администрацијата за храна и лекови (FDA) не смета дека овие се над стапката што се очекува кај општата популација. Тие не заклучија дека овие случаи биле предизвикани од вакцинација. Поради тоа, лицата кои претходно имале Белова парализа може да примат вакцина mRNA COVID-19.

Се додека експертите не научат повеќе за заштитата што ја пружаат вакцините против Ковид-19 во стварни услови, луѓето што ќе се решат да се вакцинираат треба да продолжат да ги следат сите сегашни упатства како би се заштитиле од Ковид-19 откако ќе бидат вакцинирани.

Извор: CDC 26.12.2020