Civilmedia.mk: Најчевска: Упадот во синдикалното организирање негативно ќе влијае во процесите на пристапување кон ЕУ

„Донесено е решение за покачување на платите во високото образование за 10%, тоа е влезено во буџетот и, одеднаш, министерот за образование утврдува дека не може да се изврши таа исплата доколку не се потпише колективен договор. Тоа не е вистина! Може во државата воопшто да нема синдикат, бидејќи тоа е доброволно здружување. Тоа не значи дека на луѓето нема да им се покачат платите никогаш затоа што нема синдикат којшто би потпишал колективен договор“, вели Најчевска.

„Да го регистрираат тој квази синдикат и со него да се потпише колективен договор кој ќе содржи само еден единствен член, а тоа е, еднократно покачување на платите во високото образование за 10 проценти“, додава таа.

„Значи, никаква заштита на правата, никакво подигнување на нивото на заштита во однос на она што е во Законот, туку само еден техникум којшто навидум е беневолентен меѓутоа во суштина значи прекршување на членот 195 од Законот за работни односи со кој што се забранува мешање на работодавачот во работењето на синдикатот, а ректоратот е наш работодавач. Потоа се забранува искористување на државната администрација во структуирирањето на синдикатот, целокупната ректорска администрација работи на прибирање потписи од луѓето за формирање на тој синдикат, се загрозува доброволноста на синдикалното здружување, затоа што ова е здружување под закана, а ако не го направите синдикатот нема да добиете 10 проценти покачување.

Во однос на тоа кои се следните активности и планови за понатаму, Најчевска вели дека тие мислат да ја радикализираат работата и дека веќе се известени другите синдикати во околните земји и меѓународната организација на трудот.

Веќе почнуваат да стигнуваат предупредувања дека тоа што се случува е апсолутно кршење не само на Уставот туку и на Меѓународно ратификувани документи на РСМ и дека тоа ќе има многу негативни реперкусии во она што претставува наши понатамошни процеси на пристапување кон ЕУ.

Целосниот текст можете да го прочитате тука

Извор: Civilmedia.mk  January 30, 2020