DW: Брутална битка за лекари во Европа

 

Франкфуртер алгемајне цајтунг во денешното издание пренесува истражување на Институтот за меѓународни економски споредби од Виена кое дава песимистичка слика за состојбата со здравствениот персонал на Балканот.

Одливот на медицинскиот персонал од Западниот Балкан кон земјите од Западна Европа и Северна Америка го руинира здравствениот систем во тој регион. Но западните земји водат и меѓусебна битка за привлекување на лекари и медицински сестри, покажува истражувањето на Инстутот од Виена кое денеска го пренесува ФАЦ. Германија, Швајцарија, Норвешка и Велика Британија се како магнет за привлекување на професионалците од овој сектор во нивните земји.

Сиромашните земји едвај да можат да го компензираат недостатокот на медицински персонал со носење на странски работници. Парите и надежта дека ќе се добие повисок животен стандард се голем поттик за преселба на лекарите“, заклучува ФАЦ.
Кон тоа секако придонесуваат и ниските примања во регионот, кои се за околу две-третини пониски од просекот во ЕУ.

ФАЦ понатаму констатира дека одливот на медицинските работници од земјите од регионот на Западниот Балкан нема да се намали, иако владите во тие земји им ги зголемуваат платите на лекарите и исплаќаат премии за работа во пандемиски услови.
Во богатите земји ќе расте потребата од школуван медицински кадри, имајќи го предвид прекумерното одење во пензија и продолжениот животен век на населението што пак ја зголемува потребата за медицински услуги и нега. Зголемената побарувачка ќе се судри со намалената понуда. Тоа, според ФАЦ, ќе доведе до уште пожестока борба за здравствените работници.

За повеќе информации прочитајте ја содржината тука

Извор: DW.COM   Frankfurter Allgemeine Zeitung   21.07.2020