Дали Американците ќе се вакцинираат?

САД направија голема пресвртница во четвртокот кога советниците за вакцини во Администрацијата за храна и лекови – ФДА (Food and Drug Administration – FDA) гласаа за препорака на Агенцијата да даде овластување за итна употреба (emergency use authorization – EUA) на вакцината на Pfizer/BioNTech за Ковид 19, пишува Кристина Максурис. Шефот на ФДА, д-р Стивен Хан, вели дека регулаторот бргу работи „кон финализирање и издавање“ на овластување за итна употреба.

Американците сепак не треба да се разочараат поради тоа што нацијата веројатно нема да забележи значајна, широко распространета корист се до 2021 година. „Веројатно во следните 60 до 90 дена, ќе имаме повеќе смртни случаи на ден отколку што имавме на 11/09“, рече директорот на CDC, д-р Роберт Редфилд. „Ова ќе биде вистински несреќен губиток на животи, како и сето она што го имавме досега, а реалноста е дека одобрувањето на вакцината оваа недела нема да има брзо влијание на Ковид 19.

Коронавирусниот модел на Универзитетот во Вашингтон предвидува 502 000 Американци да умрат од Ковид-19 до 1 април, бројка што би паднала за 56 000 ако 95% од Американците носат маски. Но, како и за носењето маски, исто така постојат прашања дали вакцинирањето ќе се претвори во партиски проблем. Тоа се чини дека е веќе случај во некои делови на Тенеси, известуваат Ел Рив, Саманта Гуф и Дебора Брансвик.

„Има многу искрени луѓе кои прават се вакцината да стане достапна на пазарот, но тоа не значи дека ќе ја земам“, рече Грег Лок, пастор на библиската црква „Глобална визија“ во округот Вилсон, кој гласаше со мнозинство гласови за претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември и кој округ сега бележи нагол пораст на случаи со Ковид 19. Лок често снима видеа на Фејсбук со политички ставови, а во неодамнешното свое обраќање до верниците рече дека не е „исплашен од некоја лажна пандемија“ . „Не носам маска кога ќе влезам! “, додаде пасторот, кој верува дека Трамп е победник на изборите.

Сепак, скорешната анкета на истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center) покажа дека Американците во целата држава се повеќе ја прифаќаат вакцината за Ковид-19 . Околу 60% од Американците сега велат дека се подготвени да се вакцинираат, а скоро половина од оние кои не сакаат да го сторат тоа велат дека е можно да се вакцинираат откако други особи ќе го направат тоа. И, гласањето во четвртокот можеби помогна да се отстрани стравот кај луѓето кои се скептични кон вакцините.

„Причината поради која мислам дека ова (гласање) е толку важно е тоа што сакаме да ја увериме американската јавност дека одлуките што вклучуваат нивно здравје и безбедност се носат надвор од сферата на политиката и дека овие одлуки во суштина ги прават независни групи“, изјави за Си-Ен-Ен врвниот американски експерт за инфективни болести, д-р Ентони Фаучи.

Извор: CNN Coronavirus Update By Tara John 11.12.2020 година