Johnson & Johnson ја почнува 3-тата фаза на испитувањето на вакцината Ad26.COV2.S

Шпанската агенција за лекови и здравствени производи ја одобри фазата III од клиничкото испитување на кандидатот за вакцина на Janssen Pharmaceutical Companies (Johnson & Johnson) Ad26.COV2-S во Шпанија. Ова е прво клиничко испитување во фаза III за вакцина за КОВИД-19 од овој тип одобрена во Шпанија.

Оваа студија за вакцина против коронавирус ќе биде спроведена во 9 болници во Шпанија, во која ќе партиципраат квалификувани волонтери, о во која ќе бидат вклучени и лица без никакви хронични болести и лица со хронични болести.

Позната како Ad26.COV2.S, оваа вакцина се базира на солидно документирана технологија со нерепликативен рекомбинантен аденовирус со цел да генерира имунолошки одговор на еден од протеините на корона вирусот познат како протеин S (шилестиот протеин).

Извор: www.janssen.com. @JanssenGlobal. 28.11.2020

Претходно, компанијата Johnson & Johnson го објави почетокот на најважното испитување од голем обем (ENSEMBLE), мултицентрично, на 3-та фаза на нејзиниот кандидат за вакцина за COVID-19 (JNJ-78436735, исто така познат како Ad26.COV2.S), кој го развива нејзината Janssen Pharmaceutical Companies.

Започнувањето на студијата ENSEMBLE следува по позитивните привремени резултати од клиничката студија на Фазата 1 / 2а на компанијата, кои покажаа дека безбедносниот профил и имуногеноста после единечна вакцинација го поддржуваат понатамошниот развој.

Врз основа на овие резултати и во договор со американската Администрација за храна и лекови (FDA), ENSEMBLE ќе вклучи до 60 000 волонтери на три континенти и ќе ја проучува безбедноста и ефикасноста на единечната доза на вакцината споредено со плацебо во превенцијата на COVID-19.

Компанијата Johnson & Johnson продолжува со зголемувањето на своите производствени капацитети и е на добар пат да ја исполни целта и да обезбеди една милијарда дози вакцина годишно.

Компанијата е посветена на јавно достапна вакцина на непрофитна основа за употреба во итна пандемија и предвидува дека првите серии на вакцината COVID-19 ќе бидат достапни за одобрување за употреба во итни случаи на почетокот на 2021 година, доколку се докаже дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Извор:  Johnson & Johnson www.jnj.com. September 23, 2020