MakPress: Јанкуловски: Обвинувањата за притисоци во врска со формирање синдикат се неосновани

Една од моите обврски како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е да водам грижа за материјално-финансиската состојба на сите вработени на УКИМ и да изнаоѓам начини за подобрување на истата. Во таа насока беше и споделувањето на информацијата која потекна од Министерството за образование и наука за ветеното зголемување на платите, како и за итната потреба истото да се реализира со потпишување на колективен договор на ниво на универзитети.

Во конкретниот случај и според член 220 од Законот за работни односи, поединечен колективен договор за јавните претпријатија и јавните установи склучуваат основачот или органот кој тој ќе го овласти и репрезентативниот синдикат кај работодавачот. Поточно, договорна страна со која репрезентативниот синдикат формиран на универзитетот треба да склучи колективен договор не е работодавачот – универзитетот, туку Собранието на РСМ.

Оттаму, неосновани се наводите и нападите кон ректорите на универзитетите, бидејќи тие не се спротивставена страна на универзитетските синдикати во колективните преговарања и договарања.

На денешната средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми и ректорите на јавните универзитети во РСМ нѝ беше соопштено дека техничката влада во овој момент се враќа на првобитниот став, предложен од ректорите, ова зголемување од 10 % да се реализира со измена на соодветен закон. Исто така, договорено е во меѓувреме новоформираните синдикални организации на универзитетите да продолжат со нивните активности.

Целиот текст прочитајте го тука

Ректор на УКИМ, Проф. д-р Никола Јанкуловски

Извор: MakPress  01/02/2020 00:30