Садови за готвење

Братство - Охрид

01.11.2016
Братство – Охрид

Локација: ул. 7 Ноември бб 6000 Охрид

Телефон: 071 230 034; 075 448 300; 02 3065 557 Драги

Познатиот и реномиран производител “БРАТСТВО“ ОХРИД Ви нуди широк асортиман на производи по фабрички цени – најниски цени на 6 рати.

  • Садови за домаќинство и угостителство од 1 до 70 литри
  • Послужавници, Овали, Тави
  • Прибор за послужување

Сите производи на “БРАТСТВО“ ОХРИД се одликуваат со врвен квалитет и модерен дизајн, а изработени се од најквалитетен благороден челик кој не рѓосува INOX 18/10.

Производството на садови за готвење е најстарата дејност на Братство, a истовремено и најпрепознатливата. Индустријата за метални производи "Братство Инокс" се вбројува во редот на најреномираните компании за изработка на садови за домаќинство во Југоисточна Европа.

Богатата производна програма опфаќа садови за домаќинство и угостителство во кои може да се готви, чува, транспортира и послужува храна по сите гастрономски стандарди. Садовите се продуцираат по принципот на "сендвич дно", што овозможува рамномерно донесување на топлината и нејзината максимална искористеност.

Производите за чување и транспорт на храна овозможуваат задржување на саканата температура на храната и до 24 часа. Зафатнината на садовите се движи од 1 до 70 литри.

Заштедата на топлотната енергија при готвењето е (1:3), лесното одржување како и вечноста на ростфрајот, ги прави овие производи практични и посакувани.

За да ја користите поволноста за плаќање на рати, потребно е:

  • најпрво да пополните потврда, и да ја заверите во Вашата здравствена установа.
  • да пополните и потпишете две изјави (една за продавачот и една за Синдикатот).

Пребарување