Хулахопки и чорапи, долен веш, костими за капење

Leomar group (Bonnati fiore) - Скопје

04.11.2016
Leomar group (Bonnati fiore) - Скопје

Локација:  ул. 9ти Мај 10А 1000 Скопје                   
Тел: 072 266 768; 02 3201055

Во светот на модата, предизвик на компанијата LEOMAR group е да се живее во светот посветен на жените и да влијае во креирање на мода за жени и мажи.   

ЛЕОМАР ГРУП ДОО е компанија основана во Скопје во 2014 година. Основна дејност на компанијата е увоз и продажба на хулахопки и чорапи, како и увоз и продажба на женска и машка долна облека, пижами и костими за капење. Ние се обидуваме нашето искуство и посветеност да го усмериме кон доведување на производите до потрошувачите и нивно потполно уживање во производите кои се нудат.

На почетокот, портфолиото на LEOMAR group се состоеше од производи на полскиот бренд Fiore, кој со неговиот дизајн и функционалност нуди голем избор на хулахопки и чорапи дизајнирани да ги задоволат потребите на најпребирливите дами. Истражувањето и употребата на најдобрите предива се основа за да се обезбеди максимална удобност за жените, нагласувајќи ја нивната женственост. Чорапите и хулахопките на Fiore нудат уникатен стил и дизајн.  

Понатака, портфолиото на LEOMAR group се зголеми со производи од српскиот бренд Bonatti. Моделите на долна облека, пижами и костими за капење на брендот Bonatti комбинираат гламур со модерна функционалност на модели во согласност со најновите трендови и бои, кои нудат одличен квалитет и конкурентна цена.

Филозофијата на компанијата LEOMAR group е никогаш да не се биде задоволен со моменталната продажба, и постојано да го ревидира и да го надополнува портфолиото на продажбата и да ги анализира вашите идеи без граници.

За да ја користите поволноста за плаќање на рати, потребно е:

  • најпрво да пополните потврда, и да ја заверите во Вашата здравствена установа.
  • да пополните и потпишете две изјави (една за продавачот и една за Синдикатот).

Пребарување