Овчо и кравјо бело и жолто сирење, мешано сирење, урда

Бучен Козјак - Куманово

27.03.2017
Бучен Козјак – Куманово

Велигденски попуст на Бучен Козјак од 01 до 15.04.2017 година:
- кравјо бело сирење 180
- мешано сирење 240
- овчо бело сирење 230
 - кравјо жолто сирење 280
- овчо жолто сирење 320
- урда 100
- кантичка од 3кг овчо бело сирење со солило 750 денари.
Плаќањето е на 4 рати.
Сирењето ќе се продава на 05.04.2017 година и 12.04.2017 година на паркингот пред синдикат.
За подетални информации јавете се на Верче во синдикат.

Адреса: Ул.Козјачка бр.11 населба Доброшане Куманово Телефон: 031 475-230; 031 475 233

  

Поволност: плаќање на 4 рати без камата

Повеќе информации:

Бучен Козјак е компанија која се занимава со откуп на млеко и производство на млечни производи. Формирана е уште во 1983 год.како прва приватна млекара во Република Македонија и од тогаш па се до ден денес успешно опстојува на македонскиот пазар. Основачите на компанијата уште на самите почетоци при креирањето на бизнисот ги имаат поставено основните принципи врз кои ќе се темели понатамошното работење на компанијата, а тоа се: откупување само на квалитетно домашно млеко, преработка на истото и производство на природни млечни производи.
Производите кои ја сoчинуваат палетата на Бучен Козјак се: киселите млека и тоа овчо и кравјо, а кои што во 2014 година се здобија со медал за квалитет QUIDAL, потоа јогуртот, пастеризирано млеко и повеќето видови на сирења (кравјо бело и жолто сирење, овчо бело и жолто сирење како и мешано сирење и урда).
На 20 декември 2016 година во Оксфорд, В.Британија Бучен Козјак се закити со уште две престижни награди - Најдобра фирма на годината (‘Best Enterprise Award’) и Менаџер на годината M-р Aнита Спасовска (‘Best Manager of the Year’ Award). Oвие награди го потврдуваат значењето и силината на брендот Бучен Козјак во индустријата што ја покрива и квалитетот на производите.Своите производи ги продаваат исклучиво на македонскиот пазар со тенденција за проширување на пласманот и надвор од границите на Република Македонија.
Бучен Козјак Ви нуди различни видови на сирења со можност за одложено плаќање на 4 рати по следниве цени за 1 кгр и тоа:
- Oвчо бело сирење                         260 ден.
- Овчо жолто сирење                       320 ден.
- Кравјо бело сирење                       215 ден.
- Мешано сирење                              240 ден.
- Урда (1 кг)                                       100 ден.
- Кравјо сирење со пиперки             230 ден.
- Кравјо жолто сирење                     280 ден.

* Кравјото и овчото жолто сирење се единствено во вакуум кеси од 300-400 гр и се спакувани во пакет од 6 кгр.
* Белите сирења (кравјо бело, овчо бело и мешано сирење) можат да бидат спакувани и во вакуум кеси од 300-400 гр во пакет од 6 кгр, но исто така и во кантички од 4 кгр.
* Кравјото бело сирење со пиперки е во кантичка од 3 кгр.
* Урдата е во пакување од 1кгр

Адреса: Ул.Козјачка бр.11 населба Доброшане Куманово
Телефон: 031/475-230
Web: www.bucenkozjak.mk

Е-mail: bucenkozjak@bucenkozjak.mk

За да ја користите поволноста за плаќање на рати, потребно е:

  • најпрво да пополните потврда, и да ја заверите во Вашата здравствена установа.
  • да пополните и потпишете две изјави (една за продавачот и една за Синдикатот).

Пребарување