Регистрација на возила и осигурување

ЦЕРТУС & ЦРЦ - Скопје

12.04.2019
ЦЕРТУС & ЦРЦ – Скопје

Поволност:
ЦРЦ технички преглед 6 рати,
Цертус осигурување 12 рати; минимум рата 500 денари 

Адреса Цертус: ул. Методија Андонов Ченто 15а, Скопје 
Адреса ЦРЦ: ул. Лепенец бр. 10, Скопје 
Тел. 2555 550; 2050 180; 078 258 913

ЦРЦ - Регистрација на возила Дооел Скопје е Станица за технички преглед за сите видови моторни и приклучни возила . Тимот во станицата за технички преглед е составен  од искусен и лиценциран млад кадар . Стручноста и професионалноста на нашите вработени , секојдневно ја потврдуваат нашите задоволни клиенти .
Подготвени сме да ви овозможиме брза и квалитетна услуга . Во СТП ЦРЦ - Регистрација на возила Дооел својата дејност ја обавува и ОБД ЦЕРТУС АД Скопје каде може да се обезбедат сите видови на полиси за осигурување .
Во СТП ЦРЦ - Регистрација на возила, имате можност да ги добиете следниве услуги и тоа се на едно место :

  • Технички преглед на сите видови моторни и приклучни возила
  • Изготвување и подготовка  на документи за прва регистрација за сите видови моторни и приклучни возила, односно продолжување на важноста на регистрацијата
  • Издавање на пробни регистраски таблици
  • Издавање на меѓународна возачка дозвола
  • Издавање на одобренија за управување со туѓо моторно возило во странство
  • Хомологација
  • Сите видови на Атести
  • Цемт дозволи
  • ТЕУ
  • ТИФ

Осигурително Брокерско Друштво ЦЕРТУС АД Скопје ќе ги извршува следните услуги :

  • осигурување од авто одговорност
  • зелен картон
  • каско осигурување
  • патничко осигурување
  • осигурување на имот
  • сите други видови осигурување 

Ве очекуваме во нашите станици за технички преглед

СТП Даме Груев  со локација на ул. Лепенец бр.10, Ѓорче Петров
СТП Ченто  со локација на ул.Методија Андонов Ченто бр.15 А , Ченто

Синдикатот и неговите членови се согласни дека сите давачки покрај плаќањето на услугата претставуваат државни давачки како што се јавни патишта, административна такса, налепница, сообракајна дозвола, регистарски таблички се плаќаат веднаш при давање на услугата, со што уплатата на државните давачки ќе се смета како уплата на прва рата а плаќањето по ф-рата за технички преглед ќе започне од наредниот месец.

Доколку членот од втората договорна страна (членови на негово потесно семејство -корисникот на услугата) одлучи да плати во готово за извршените услуги, му се одобрува попуст на услугата за технички преглед во зависност од моменталната важечка промотивна стапка на попусти и поволности.

Потребна документација за да ја користите поволноста за плаќање на рати :

  • Заверена потврда  од Синдикатот со вашите податоци
  • Изјава од вработениот (членот на Синдикатот)

 

Пребарување