Цели и задачи

Цели и задачи на Самостојниот синдикат се:

  • организирање синдикални организации во јавните здравствени установи врз основа на доброволно изразена волја на членовите;

  • остварување на интересите, правата и барањата на членовите на Самостојниот синдикат – здравствени работници, здравствени соработници и другите вработени во јавните здравствени установи;

  • подобрување на условите за работа, заштита при работа, заштита на животната и работната средина, како и посебна грижа за здравјето и животот на вработените во процесот на работата;

  • учествува во донесување и потпишување на колективни договори и следење на нивното спроведување;

  • покренува иницијативи, расправи и дава мислење по закони и други прописи со кои се уредува општествено-економската и социјалната положба на членовите;

  • преговарање, иницирање, организирање и водење штрајк и согледување на ефектите од штрајкот;

  • учество во работата на надлежните органи, здруженија и институции застапувајќи ги интересите на членовите;

  • застапување, остварување и уредување на правата од работен однос на своите членови;

  • преговарање за подобрување на условите за развивање, унапредување и заштита на инвентивната работа и творештво;

  • основање фондови за материјална помош, солидарност, заемност, како и хуманост на членовите;

  • информирање на своите членови како и јавноста за својата работа;

  • синдикална заштита на своите членови;

  • обезбедување просторни, технички и материјални услови за функционирање;

  • обезбедување услови за континуирана синдикална едукација и друго;

  • остварување на други цели и интереси на своите членови.

Пребарување