Привилегии и попусти за членовите

Сите членови на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија ќе можат да користат попусти и одложено плаќање на стоки и услуги од трговски друштва, ресторанти и кафе барови, услужни агенции и др.

Со сите оние што ќе пројават интерес за соработка Синдикатот ќе потпише договори со кој ќе се утврдат бенефициите за членовите на Синдикатот . Членовите на Синдикатот ова ќе можат да го користат со членската карта издадена од Синдикатот, а за исплатата на рати за купена роба или дадена услуга, покрај легитимацијата од Синдикатот и нивната лична карта, ќе мора да приложат потврда од нивната ЈЗУ за административна задршка од плата и нивна потпишана изјава во 2 примерока (еден за фирмата која ја дава погодноста, а другиот за Синдикатот), со која гарантираат дека ќе ги исплатат ратите.

За сите договори редовно ќе бидете информирани на ВЕБ страницата на Синдикатот во рубриката Поволности.

Пребарување