Синдикатот на Клинички центар порачува, ќе има средба со премиерот ако нема друг синдикати

21.12.2018

100 000 плата за докторите специјалисти беше едно од  најголемите предизборни ветувања на власта, кое беше споменувано на митинзите во сите градови во земјава.

„Стартуваме и со покачување на платите и во здравствениот сектор и за докторите и за целиот здравствен персонал. Конечна цел ќе биде специјалистите да имаат плата од 100 000 денари“, вели Зоран Заев – премиер на Р.М.

Платата на специјалистите е далеку од 100 000 денари, па дури до 2020 со оваа динамика на покачување нема да стигне до тој износ -велат од Синдикатот на Клинички центар.

Од синдикатот побараа средба со премерот Заев на која би разговарале за лавината од забелешки кои ги имаат, а која би требало да се реализира во понеделник со услов.

„Изјавата на премиерот во делот дека ќе преговара со синдикатите за нас е неприфатлива. Оваа средба ја бараше нашиот синдикат“, вели д-р Горан Беговиќ – претседател на синдикат на Клинички центар.

Тие порачуваат дека доколку учествуваат и други синдикати за кои не се информирани какви барања имаат нема да присуствуваат на закажаната средба со премиерот, инсистираат на тет-а-тет состанок. Министерот за здравство Венко Филипче во телефонски разговор за ТВ21 информира дека ветувањето е планирано да биде исполнето до крајот на 2019 година, но за краен рок си ја поставиле 2020 година.

РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА

Пребарување