Филипче: Разгледуваме како паркингот да му се врати на Клинички

13.12.2018

Во наредните два – три дена да се разгледаат правните можности за враќање на паркингот на Клиничкиот центар. Ова телефонски го договориле министерот за здравство, Венко Филипче, и градоначалникот Петров Шилегов.
– За решавање на проблемот со паркирањето сакаме да изградиме две монтажни катни гаражи, едната кај Гинекологија, а другата кај хелиодромот. Во тек е ревизијата на физибилити студијата за гаража кај хелиодромот што ја наследивме –  изјави денеска министерот Филипче.
Тој кажа дека годинава толку можеле да ги зголемат платите и на докторите и на медицинските сестри, а потсети дека се зголемени и надоместоците за дежурства, а  следната година ќе има ново покачување на платите.

Извор: Плусинфо 13/12/2018   

Пребарување