Синдикатот на Клинички и Филипче се договорија за покачувањето на платите

27.12.2018

Од Синдикатот на Клинички информираат дека преговорите за покачување на платите на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“ завршиле успешно.

Докторите специјалисти и наставно-научен кадар ќе добие покачување од 10 отсто, докторите по општа медицина и доктори на државна специјализација вработени во Клинички центар ќе добијат покачување од 5 отсто, здравствените работници со средна, виша и висока стручна спрема (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и слично ќе добијат покачување од 8 отсто, додека болничарите – транспортери и останатиот помошно-технички персонал ќе добие покачување од 8 отсто.

Овие покачувања на основната плата ќе се применуваат со јануарската плата од 2019 година.

За административниот персонал вработен во Клинички центар е предвидено покачување на платите за 5%, кое ќе се исплатува од месец септември 2019 година.

При ова, е договорено административниот персонал како посебно обучен за потребите на јавното здравство да остане и понатаму во рамките на кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.

Пребарување