Покачување на платите на здравствените работници, здравствените соработници и помошно-техничкиот персонал

07.02.2019

Синдикатот на Клинички центар гo потпиша Анексот за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор дел за плата, други права по основа на плата и надоместоци на плата со директорите на Универзитетските клиники и институти и Стоматолошкиот Клинички Центар, со кој се покачија коефициентите на сложеност за здравствените работници и соработници и помошно-техничкиот персонал.  
Покачувањето на коефициентите на сложеност по профили е следното:

1. Доктори специјалисти, примариуси, супспецијалисти, доктори на науки и наставно-научен кадар 10%
2. Доктори по општа медицина, доктори на државна специјализација, магистри 5%
3. Здравствени работници со средна, виша и висока стручна спрема (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и сл.) 8%
4. Здравствени соработници 5%  
5. Болничари транспортери, гипсери и сл. 8%
6.  Хигиеничари, мајстори, чувари-обезбедување и сл. 5%

Доколку има ребаланс на буџетот до јуни 2019 година, Синдикатот на Клинички центар во преговорите со Ресорното Министерство ќе настојува во истиот да биде вклучен и административниот персонал.   

Скопје, 07.02.2019 година

Самостоен синдикат на Клинички центри

Пребарување