Дежурствата на докторите остануваат непроменети

08.02.2019

Со потпишаниот Анекс за изменување и дополнување на поединечниот колективен договор во делот на додатокот за дежурства на одговорните доктори извршена е корекција на процентот на пресметка за дежурства и истот е намален согласно покачувањето на коефициентите на сложеност со што исплатениот паричен износ како додаток за дежурство во редовните работни денови (понеделник до петок), викенд и празник останува непроменет и е еднаков со претходно исплатуваниот паричен износ - пред потпишувањето на Анексот.                    
Синдикатот на Клинички центар во изминатиот период го реализира планираното покачување на додатокот за дежурство на одговорниот доктор во сите универзитетски клиники и институти, и Стоматолошкиот клинички центар, согласно претходно оствареното покачување на додатокот за дежурство на одговорниот доктор во универзитетските клиники сместени во зградата на хирургија во кампусот клиники “Мајка Тереза“ - Скопје и е задоволен од неговата тековна вредност.         
Синдикатот на Клинички центар од почетокот ја подржа Програмата на Владата на Република Македонија 2017 - 2020 година во делот за двојно зголемување на платите на здравствените работници, и основна плата на доктор специјалист во терциерно здравство од минимум 100.000,00 (сто илјади) денари - без додатоци, и во наредниот период ќе настојува истата да се  оствари.
Синдикатот на Клинички центар ќе настојува и останатите вработени во ЈЗУ во состав на Клинички центар да остварат покачување на основната плата.
Потпишаниот Анекс е дел од оваа заложба на Синдикатот на Клинички центар.

Скопје, 08.02.2019 година

Самостоен синдикат на Клинички центри

Пребарување