Камп куќи „Андон Дуков“ Охрид 2020 година

Поради пандемијата со Ковид 19, условите за изнајмување на камп куќите во викенд населбата „Андон Дуков“ во Охрид за летната сезона 2020  се следните:

  1. Корисниците на апартманите треба да се придржуваат до условите пропишани во протоколот за работа на хотели и автокампови во услови на пандемија со Ковид-19 донесен од Владата на Република Северна Македонија.
  2. Доколку гостите не се придржуваат до мерките и препораките на Комисијата за заразни болести и протоколот за работа на хотели и автокампови во услови на пандемија со Ковид 19, за време на престојот во апартманите, одговорноста и ризикот за заразување на корисниците на апартманите и ширењето на заразата на други лица со Ковид 19 е исклучиво на гостите во апартманот.
  3. ССКЦ не ја превзема одговорноста и ризикот за заразување на корисниците на апартманот и ширењето на заразата на други лица со Ковид 19 за време на престојот на гостите во апартманите, по нивното предавање од страна на одговорното лице за апартманите или лице назначено од него. 

За подобро информирање за условите за изнајмување на камп куќите во викенд населбата „Андон Дуков“ во Охрид во време на пандемија со Ковид 19, ССКЦ препорачува да се запознаете со следниве документи:

  1. Ценовник за изнајмување апартмани
  2. Куќен ред
  3. Протокол за работа на хотели и автокампови во услови на пандемија со Ковид 19
  4. Информации за Ковид 19 
  5. Броеви на ИЈЗ и ЦЈЗ

За изнајмување на камп куќа во викенд  населбата „Андон Дуков“ во Охрид потребно е да ја пополните следната Изјава и да ја доставите во синдикатот.

Комисија за попис и сервисирање на камп куќи во населба „Андон Дуков“ Охрид                              29.05.2020 година