Rabotnik.com.mk.: Неделков: Ќе поднесеме кривични пријави до организаторите на синдикатот на УКИМ

Ќе поднесеме кривични пријави до оние коишто го иницираат и организираат синдикатот на универзитети, рече на денешната прес – конференција по завршувањето на Економско – социјалниот Совет, Претседателот на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК.

Тој потенцираше дека за два дена се собрале 40 % од вработените кои пристапиле кон овој нов синдикат на универзитетот УКИМ.

Тој уште еднаш повтори дека формирањето на синдикат од страна на работодавач е противзаконски, противуставен чин и е против меѓународните конвенции, како и строго забрането е работодавачите да се мешаат во формирањето на синдикатите.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Благоја Ралповски истакна дека претходниот Економско – социјален Совет не работел според законот, бидејќи одлуките коишто ги носел биле без кворум, поради тоа што од КСС не учествувале на седниците, а според законот потребно е сите членови заедно да ги донесат одлуките поврзани околу социјалниот дијалог.

Тој наведе дека социјалниот дијалог бил сведен на минимално ниво поради тоа што голем број на синдикалци од КСС биле отпуштани од работа поради нивното синдикално делување.

Порача дека треба да се почитуваат Законот за работни односи и законот за минимална плата, за да може да се има социјален дијалог во вистинска смисла.

Извор: Rabotnik.com.mk  Jan. 31, 2020 at 3:00 pm