Австрија: Синдикатот продолжува да врши притисок за Корона бонус за медицинските сестри

GPA синдикатот е одлучен во својот став дека Владата е одговорна за неисплатата на Корона бонусот од 500 евра кој им го вети на медицинските сестри во јуни.

GPA синдикатот се приклучи на барањето на другите синдикати Корона бонусот да се прошири и на други работници, но сепак е загрижен дека нема да биде достапен за сите во секторот за социјална заштита. GPA синдикатот е огорчен што три месеци од ветувањето, бонусот сеуште не е исплатен и сеуште не е јасно кој е во право.

Синдикатот се жали и на недостаток на почит кон работниците кои со месеци биле изложени на екстремен стрес и голем обем на работа и заслужуваат да ја добијат исплатата што е можно поскоро.

ИЗВОР: ЕПСУ, 17.09.2021 година