АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд објавија ажурирана анализа од нивните испитувања за вакцината кои покажуваат дека режимот со две дози е 76% ефикасен во спречување на симптоматска болест. Ниту еден од учесниците во студијата кој се вакцинирал немал сериозни несакани ефекти.
Според резулатите од оваа анализа стапката на ефективност на вакцината е само малку пониска од резултатите објавени претходно, кога независен комитет за надзор на податоците се пожали на АстраЗенека и на владините претставници дека компанијата објавила застарени податоци што ја направиле нејзината вакцина што е можно поимпресивно.
И покрај новите резултати, недовербата во компанијата веројатно ќе ги направи нејзините податоци предмет на дополнителна контрола.
Извор: Coronavirus Updаtes 25.03.2021