Џиновско цунами од удар на астероид кои ги уништил диносаурусите откриен во фосилизирани „мегарипли“

Кога огромна вселенска карпа удрила во водите во близина на полуостровот Јукатан во Мексико, пред 66 милиони години, створила обвивка од прашина која со години го затемнувала Сонцето, и довела до драстично снижување на температурите и до уништување на диносаурусите.

Ударот генерирал цунами во Мексиканскиот Залив за кој некои моделири веруваат дека створил првичен бран висок до 1500 метри (или скоро 1 милја) висок кој удрил во Северна Америка, и кој бил проследен со помали бранови. Сега, за прв пат, научниците открија фосилизирани мегарипли од ова цунами закопани во седименти во денешната централна Луизијана.

„Одлично е да се има доказ за нешто што се теоретизира навистина долго време“, вели Шон Гулик, геофизичар на Универзитетот во Тексас, Остин. Гулик не беше вклучен во работата, но тој беше ко-предводник на кампањата во 2016 година за пробивање на остатоците од ударниот кратер, наречен Чиксулуб.

За да бараат древни закопани структури, истражувачите се потпираат на техниките на сеизмичко снимање за да „видат“ под земја. Тие активираат експлозиви или користат индустриски чекани за да испраќаат сеизмички бранови во земјата и слушаат рефлексии од слоевите на седимент и карпи од длабочина од внатре.

Компаниите ја користат техниката за пребарување нафта и гас и имаат многу податоци – особено во областите како Мексиканскиот залив.

Откритието е последно во низата истражувања за влијанието на Чиксулуб, за кој првпат се претпостави во 80-тите години на минатиот век. Јадрата од експедицијата за дупчење во 2016 година помогнаа да се објасни како е формиран ударниот кратер и да се нацрта исчезнувањето и обновувањето на животот на Земјата.

Во 2019 година, истражувачите известија за откривање на фосилно место во Северна Дакота, 3000 километри северно од Чиксулуб, за кое тие велат дека евидентира часови по ударот и вклучува остатоци одвлечени во земја од цунамито.

„Имаме мали делови од сложувалката што постојано се додаваат“, вели Алфио Алесандро Киаренца, палеонтолог од Универзитетот во Виго, кој не бил вклучен во новата студија. „Сега ова истражување е уште едно, кое дава повеќе докази за катаклизмичко цунами кое веројатно преплавило [сè] илјадници милји“.

Извор: Science 12.07.2021 година