Делта варијантата ќе биде доминантна во Европа

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) врз основа на достапните докази на 23 јуни 2021 година објави дека варијантата SARS-CoV-2 Delta (B.1.617.2) е 40-60% попренослива од Alpha (Β.1.1.7) и може да биде поврзана со поголем ризик од хоспитализација.

Врз основа на проценетата трансмисија на варијантата SARS-CoV-2 Delta (B.1.617.2) и со користење на модели за предвидување, ECDC претпоставува дека 90% од новите инфекции со SARS-CoV-2 во Европа до крајот на август 2021 година ќе бидат резултат на делта варијантата.

За да се постигне максимална заштита во најкус можен рок, ECDC препорачува на лица со најголем ризик од сериозни исходи со SARS-CoV-2 да добијат втора доза на вакцина во најкраток можен интервал по примена на првата доза.

Извор: Coronavirus today 27.06.2021