Новиот клинички центар во Ѓорче Петров ќе чини 500 милиони евра, а ќе се финансира по кредитна линија од три комерцијални банки кои доставиле најдобра понуда, информираше министерот, Венко Филипче.
„Министерството за финансии испрати 18 барања до меѓународни инвестициски фондови и комерцијални банки. Од нив, шест одговорија, по што избрана е понудата проектот да се финансира од банките „Ерсте груп“, Рајфајзен банк и „Уникредит“.
Клиничкиот центар ќе се гради на земјиште од 30 хектари, а вкупната површина на центарот ќе биде 105 илјади квадратни метри и ќе се одвива во три фази, а целосно се очекува да биде завршен за 7 години.
Извор: The World News 13:23 / 31.07.2019 A1 ON
Целиот текст прочитајте го тука