ЕПСУ: Солидарност со пожарникарите

До синдикатите на пожарникарите
До сите синдикати членки на ЕПСУ

Почитувани другари,

Во име на ЕПСУ, ја изразуваме нашата солидарност со пожарникарите кои се занимаваат со страшните шумски пожари што сега опустошуваат толку многу земји. Особено во Албанија, Грција, Италија, Северна Македонија и Турција пожарите тешко се контролираат. Ова е многу опасно за пожарникарите, за вработените во службата за итна помош и другите лица кои реагираа први, за медицинскиот персонал, како и волонтерите и воопшто за луѓето.

Многумина мораа да ги напуштат своите домови. Нашите мисли се со семејствата, пријателите и другарите кои ги загубија животот и со оние кои се повредени. Нашите другари ги ризикуваат своите животи за да спасат луѓе, домови, работни места и заедници, слично како што направија пожарникарите и другите службеници во јавната служба во Белгија, Германија и другите земји неодамна погодени од екстремни врнежи и поплави.

Им оддаваме почит на пожарникарите од другите земји кои помагаат во гаснењето на пожарите како дел од Европскиот одговор за итни случаи.

Поплавите и екстремните шумски пожари се во согласност со наодите од најновата студија на IPCC, Климатски промени 2021: Основа за физичка наука (PCC -a, Climate Change 2021: the Physical Science Basis), објавена на 9 август. Климатските промени предизвикуваат почести и поинтензивни топлотни бранови и суши, како и поекстремни врнежи и поплави.

ЕПСУ тврди дека треба да се инвестира повеќе и во ублажување и во адаптација. На пример овде и во оваа неодамнешна публикација во која е разгледана ситуацијата на пожарникарите. И ова доаѓа во време кога многу јавни служби сеуште страдаат од годините на штедење. Зелениот и социјалниот договор, исто така, мора да значи инвестирање во јавни услуги, а не нов бран на штедење. Станува збор за фундаментална промена на нашите економии. Тоа е централна порака на работата на синдикатот што води до COP26* околу 80 дена од денеска, почнувајќи од 1 ноември. Владите ќе треба да дојдат со национално определени придонеси за да го исполнат Парискиот договор. Во моментов не изгледа добро и треба повеќе да се направи ако сакаме да го спречиме продлабочувањето на климатската криза. 

*COP26 е следната годишна конференција на ОН за климатските промени. COP означува Конференција на партиите, а на самитот ќе учествуваат земјите што ја потпишаа Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) – договор што стапи на сила во 1994 година. 

Пораките за солидарност до синдикатите може да се упатат на: cboeckx@epsu.org

Во солидарност,

09.08.2021

Јан Вилем Гудријан
Генерален секретар на ЕПСУ

EPSU – EUROPEAN FEDERATION OF PUBLIC SERVICE UNIONS
Rue Joseph II 40, Box 5,
1000 Brussels – Belgium
+3222501080 – https://www.epsu.org/