Естонија: Синдикатот потпиша Договор со Министерството за финансии за стресот поврзан со работното место

Синдикатот на вработените во државната и локалната власт на Естонија потпиша договор со Министерството за финансии за препорачаните принципи за одржување на менталното здравје во работната средина. Договорот признава дека голем дел од државните службеници се изложени на интелектуални и психолошки предизвици во нивната секојдневна работа и дека одржувањето на менталното здравје во работната средина е клучно прашање за безбедност при работа.

Договорот ќе овозможи преземање на низа мерки за ублажување на психо-социјалните фактори на ризик како што се организација на работа и соодветно работно место за работникот, оптимизирање на обемот на работа на вработените, обезбедување паузи, подобрување на протокот на информации, развој на соработка, директна поддршка од менаџерот, вклучување во донесување одлуки и нетолеранција на вознемирување и малтретирање.

Покрај тоа, работодавачот може да го поддржува општото ментално здравје на вработените преку активности за унапредување на здравјето, како што се организирање заеднички настани, тематски денови, обезбедување средина погодна за релаксација и спорт, обезбедување услуги на психолог или советник и овозможување флексибилност во работните часови.

Договорот е составен врз основа на договорот за меѓусекторски европски социјални партнери од 2004 година за стресот поврзан со работата.

Извор: Europe’s Public Service Unions (EPSU) 08.07.2021 година