Новости за SARS-CoV-2

Додека болниците низ САД пријавуваат недостаток на кислород во лекувањето првенствено на невакцинираните Американски граѓани, спрема претпоставките на Универзитетот во Вашингтон можно е уште околу 100.000 луѓе да умрат од Ковид-19 до декември.

Таа застрашувачка прогноза може да се спречи ако се вакцинираат што е можно повеќе Американци. Околу 80 милиони Американци кои ги исполнуваат условите сеуште не се вакцинирани и тоа е групата која може да доведе до пресврт, изјави д -р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести. Во САД просечно се забележуваат 160.000 нови случаи дневно.

Се повеќе деца во САД заболуваат и беа хоспитализирани од Ковид-19 минатиот месец отколку било кога во изминатата година-докажувајќи колку сериозно Делта варијантата може да ја погоди секоја возрасна група. Помеѓу 20 и 26 август, просечно по 330 деца со Ковид-19 дневно биле примени во болниците. Експертите укажуваат дека носењето маски во училиште може да помогне да се заштитат децата, а во понеделникот, одделот за спроведување на граѓанските права на Министерството за образование објави истраги во пет држави за да се утврди дали нивните забрани за маски во затворен простор се дискриминаторски за учениците со попреченост.

Двајца истакнати противници на носење маски починаа викендов од Ковид-19, и се најнови жртви меѓу низата противници на носењето маски и анти-ваксерите кои починаа или беа хоспитализирани поради корона вирусот. Конзервативниот водител на радијско ток-шоу, Марк Берние од Флорида почина во саботата вечерта. Претходно истиот ден, истакнатиот противник на носењето маски Калеб Валас, исто така, почина откако се разболе од Ковид-19. Имаше 30 години, додека Берние имаше 65 години.

Двајца високи лидери во канцеларијата за преглед на вакцини на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) изненадно поднесоа оставки бидејќи агенцијата работи на носење на важни одлуки околу одобрување на вакцини против Ковид-19, авторизација за помали деца и имплементација на „засилувачки вакцини“, (booster shots). Но, планот за „бустер вакцини“, кој започнува кон крајот на септември, бара прво овластување од ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести (CDC). Извор запознаен со ситуацијата изјави дека во ФДА постои загриженост дека Белата куќа иде пред науката и „прејудицира“ што ќе каже ФДА кога ќе ја процени потребата за бустер дози.

Додека западните земји се подготвуваат за воведување бустер вакцини против Ковид-19, загрижувачка нова варијанта, C.1.2, се појави во Јужна Африка и седум други земји во Африка, Азија и Пацификот, велат истражувачите. Иако тие не се сигурни дали таа варијанта ќе е поопасна, тој содржи мутации кои на другите варијанти им овозможија зголемена преносливост и способност до одреден степен да го избегнат одговорот на имунолошкиот систем. Ова доаѓа неколку недели откако Светската здравствена организација предупреди дека ако производителите дадат приоритет на снабдувањето со бустер вакцините во побогатите нации, тоа ќе доведе до понатамошна нееднаквост со вакцинацијата и ќе понуди можности за мутација на вирусот во остатокот од светот.

Две лица починаа во Јапонија неколку дена откако беа вакцинирани од серијата на Модерна вакцината, чија употреба беше прекината минатата недела, поради загриженост за ризик од зараза, соопшти во саботата Министерството за здравство, труд и благосостојба на земјата. Според министерството и фармацевтската компанија „Такеда“, која ја дистрибуира вакцината „Модерна“ во Јапонија, сеуште не е воспоставена причинско -последична врска помеѓу вакцината и смртните случаи.

Извор: Coronavirus Update 1.09.2021