Од каде потекнува варијантата Б.1.1.529

На Jужноафриканските научници не им е јасно каде се појавила новата варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2. Првпат беше идентификуванa во Боцвана на почетокот на ноември 2021 година.

Варијантата содржи голем број мутации на вирусот и се чини дека брзо се шири низ Јужна Африка.

„Има многу што не не ние јасно во однос на оваа варијанта“, рече Ричард Леселс, инфектолог на Универзитетот во КваЗулу-Натал во Дурбан, Јужна Африка, на брифинг со новинарите на 25-ти ноември.

„Профилот на мутација не загрижува, но сега треба да работиме за да го разбереме значењето на оваа варијанта и што таа значи за одговорот на пандемијата“.

Варијантата содржи мутација во шилестиот протеин што овозможува да се детектира со тестови за генотипизација кои многу побргу даваат резултати отколку секвенционирањето на геномот, објаснува Леселс. Таа е дефинирана како варијанта Б.1.1.529 од Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија.

B.1.1.529 првпат беше откриен од научници во Јужна Африка, а сега е забележан кај патниците во Боцвана, Хонг Конг и Израел.

The Times of Israel денеска објави дека денеска е откриен првиот случај во Израел. Се работи за Израелец кој се вратил од Малави.

Израелското Министерство за здравство потврди дека уште двајца патници се сомнителни дека исто така се заразени со новиот вид и за нив се чекаат конечните резултати од тестот.

Извор: Коранавирус денеска 26.11.2021 година