Се вакцинираа вработените во ЈУ од областа на здравството

До Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија (во понатамошниот текст: ССКЦ, синдикат) се обрати Роберт Колов, претседател на Синдикатот на Јавната установа од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универитетски клиники, Завод  и Ургентен центар Скопје (во понатамошниот текст: Јавната установа) со барање за поддршка и помош од Синдикатот за остварување на правото на приоритетно вакцинирање против SARS-CoV-2 и превенција на заболување од Ковид-19 за вработени во Јавната установа, кои се во непосреден контакт со заболени со Ковид-19.

Се работи за вработени во одделението за кислород, возачи на комбињата „Мајка Тереза“ кои возат Ковид-19 позитивни пациенти, хигиеничари и сервисери (електричари, водоводџии и др.) кои ги опслужуваат Ковид-19 центрите, вработените од клиничкото обезбедување и сл.

За ова барање синдикатот го информираше Министерот за здравство г-динот Венко Филипче, кој вети дека истото ќе се исполни, и не упати постапката да ја реализираме со координаторот за вакцинирање во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, д-р Бојан Бошковски.

Од негова страна вработените во Јавната установа и синдикатот не наидоа на разбирање, а со заеднички впечаток ниту желба да се ангажира и како назначен координатор за вакцинација да го оствари ова барање, за што синдикатот го информираше Министерот.   

По пристигнувањето на кинеските вакцини Синофарм, по препорака на Министерот за здравство и во соработка и координација со г-дин Ангел од Министерство за здравство, вработените во Јавната установа се вакцинираа со првата доза на вакцината Синофарм.

Скопје, 07.05.2021 год.