Словенија: Здравствените синдикати го критикуваат недостатокот на социјален дијалог


Здравствените синдикати се собраа заедно со претставници на конфедерациите на синдикатите за да ја критикуваат предложената Измена и дополнување на Законот за здравствена заштита и осигурување.

Синдикатите тврдат дека амандманот, всушност е одмазда за неодамнешните протести на синдикатот против владината политика и дека на синдикатите и работниците ќе им ја скрати застапеноста во телата за управување со здравствените установи.

Синдикатите и конфедерациите од сите сектори се вклучени во протести поради одбивањето на владата да се вклучи во социјален дијалог.

Ова е само последниот пример во кој Владата не успеа да се консултира со синдикатите, и во кој Владата изнесува мерки за ограничување на улогата на синдикатите.

Здравствените синдикати велат дека се повеќе од подготвени да соработуваат со Владата за мерките кои се потребни за реформа на здравствената служба.

Изор: ЕПСУ Јули 2021 година